ТРАМП Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА КАНАДА СО НОВИ ЦАРИНИ ПОРАДИ ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ, ВЕЛИ ДЕКА АМЕРИКА Е НАПАДНАТА СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

    ТРАМП Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА КАНАДА СО НОВИ ЦАРИНИ ПОРАДИ ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ, ВЕЛИ ДЕКА АМЕРИКА Е НАПАДНАТА СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХЧадот од пожарите во Канада стигна до Њујорк и го влоши квалитетот на воздухот (Фото: Гети)

    Доналд Трамп се закани дека ќе воведе нови царини за Канада откако стотици шумски пожари го оставија поголемиот дел од северот на САД задушен во чад. Заканата уследи по поплаките на американските пратеници за пожарите, додека премиерот на Онтарио, Даг Форд, побара од САД да испратат помош, наместо да се жалат.

    САД се непотребно нападнати од валкан, загаден и нездрав воздух“, рече Трамп.

    Во Канада вчера активно гореле повеќе 850 пожари, според Канадскиот информативен систем за пожари, при што повеќето се вон контрола. Повеќе од 190 горат во Онтарио.

    „Ќе му се јавам на канадскиот премиер Марк Карни за да ми ја објасни намерната небрежност на неговата земја, која не ги одржува правилно своите шуми“, кажа Трамп.

    Карни претходно истакна дека двете земји имаат одговорност да се борат против климатските промени.

    Канада работеше на спречување на шумски пожари и инвестираше околу 12 милијарди долари во одржливост на шумите и спречување пожари. Ова е предизвик што не познава граници“, изјави пратеничката Елионор Олшевски.

    Според властите, пожарите досега уништиле речиси три милиони хектари земја во Канада, а густа покривка од чад се шири низ американските сојузни држави, од Минесота и Мичиген до Пенсилванија, Охајо и Њујорк. Во поголемиот дел од регионот се издадени предупредувања за опасен квалитет на воздухот, што доведе до откажување на многу настани на отворено. Детроит вчера го имал најлошиот воздух во светот, следен од Чикаго, Вашингтон и Њујорк, што се случува во пресрет на финалето на Светското фудбалско првенство, кое се игра утре во Њу Џерси.

    Експертите велат дека многу од моменталните пожари горат во огромните, оддалечени шуми на Канада, каде што се тешки за откривање или локализирање, пред да станат преголеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира