ТРАМП СО ЗАКАНИ ГО ПРЕДУПРЕДИ ГУВЕРНЕРОТ НА ФЛОРИДА ДЕСАНТИС ДА НЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

    ТРАМП СО ЗАКАНИ ГО ПРЕДУПРЕДИ ГУВЕРНЕРОТ НА ФЛОРИДА ДЕСАНТИС ДА НЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САДТрамп се закани дека ќе објави непријатни информации за ДеСантис (Фото: Гети)

    Доналд Трамп го предупреди популарниот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, да не се кандидира за претседател на САД во 2024 зашто тоа би можело да ѝ наштети на Републиканската партија.

    Мислам дека тоа би била грешка. Мислам дека тоа не би ѝ се допаднало на базата“, кажа Трамп.

    Тој исто така се закани дека ќе објави непријатни информации за 44-годишниот ДеСантис, без да каже детали.

    Трамп навести дека следниот вторник ќе ја објави својата трета кандидатура за претседател, но многумина го сметаат ДеСантис за негов најголем конкурент во партијата.

    Не знам дали ќе се кандидира, но ако го направи тоа, многу ќе си наштети на себеси. Мислам дека тоа не би било добро ни за партијата. Ако ДеСантис сепак одлучи да се кандидира, ќе откријам работи за него кои не се баш пријатни. Знам повеќе за него од кој било друг, освен можеби жена му“, кажа Трамп, негирајќи дека има спор помеѓу нив.

    ДеСантис е релативно ново име во американската политика и стана познат откако беше избран за гувернер на Флорида во 2019.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира