ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ЗЕМА ЛЕК ПРОТИВ МАЛАРИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОВИД-19, ИАКО НЕ Е ДОКАЖАН КАКО БЕЗБЕДЕН

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ЗЕМА ЛЕК ПРОТИВ МАЛАРИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОВИД-19, ИАКО НЕ Е ДОКАЖАН КАКО БЕЗБЕДЕНТрамп вели дека почнал да го користи лекот пред една и пол недела (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека го користи лекот хидроксихлорокин за да се штити од коронавирусот, иако здравствените власти предупредија дека тој, можеби, не е безбеден. На редовниот брифинг во Белата куќа, тој им кажа на новинарите дека неодамна почнал да го користи лекот, кој инаку служи за третман на маларија и лупус.

    „Го земам веќе една и пол недела и, еве, уште сум тука“, изјави Трамп.

    Засега нема докази дека хидроксихлорокинот е ефикасен лек против коронавирусот, иако моментално се вршат клинички тестирања. Трамп кажа дека и голем број медицински работници го користат овој лек.

    „Би биле изненадени колку многу медицински лица, особено оние на првата линија на фронтот, го земаат лекот. И јас го земам“, изјави тој.

    Американскиот Центар за контрола на болести и превенција досега нема одобрено ниеден лек или терапија за КОВИД-19. Истовремено, Агенцијата за храна и лекови минатиот месец издаде предупредување дека хидроксихлорокинот „не е докажан како безбеден и ефективен“ и дека може да предизвика сериозни срцеви проблеми.

    Во март во државата Аризона почина еден маж кој заедно со неговата сопруга испиле средство за чистење аквариуми кое содржи хлорохин, наводно обидувајќи се да се излекуваат од коронавирус, објави тамошниот здравствен систем Банер хелт.

    Доналд Трамп пред тоа на прес конференција го истакна хлорохинот како можен третман за КОВИД-19, но тој е и адитив што се користи за чистење на аквариуми. Администрацијата за храна и лекови на САД го има одобрено хлорохинот како лек за маларија, лупус и ревматоиден артритис, но не и за коронавирусот.

     

     

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира