ТРАМП ВОВЕДЕ ЦАРИНА ОД 30 ПРОЦЕНТИ ЗА ЕУ И МЕКСИКО

    ТРАМП ВОВЕДЕ ЦАРИНА ОД 30 ПРОЦЕНТИ ЗА ЕУ И МЕКСИКОЦарината за увоз во САД од Мексико и ЕУ ќе почен да важи од 1 август. (Фото: АП)

    Претседателот на САД Доналд Трамп денеска воведе царина од 30% за увоз од Мексико и Европската Унија почнувајќи од 1 август, откако неколкунеделните преговори со клучните трговски сојузници не успеаја да постигнат посеопфатен трговски договор.

    Новите царини се објавени во посебни писма на неговата социјална мрежа „Трут соушал“. На почетокот на неделава, Трамп издаде нови царински најави за голем број земји, меѓу кои и Јапонија, Јужна Кореја, Канада и Бразил, како и царина од 50% за бакар.

    Тој го обвини блокот од 27 земји во ЕУ за нефер трговски политики и бариери, барајќи „поизбалансиран“ однос. Во писмото, Трамп предупреди  дека може да следат дополнителни зголемувања на царините ако  ЕУ одговори со одмазднички мерки.

    Тој, исто така, сугерираше дека стапката може целосно да се укине ако „Европската унија или земјите во ЕУ одлучат да градат или произведуваат во рамките на САД“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира