ТРАМП ЗАСЕКОГАШ ЈА НАПУШТИ БЕЛАТА КУЌА

    ТРАМП ЗАСЕКОГАШ ЈА НАПУШТИ БЕЛАТА КУЌАТрамп со хеликоптер се упати кон воена база во Мериленд, каде што ќе му биде организирано официјално испраќање (Фото: АП)

    Во придружба на сопругата Меланија, Доналд Трамп за последен пат излезе од Белата куќа, три и пол часа пред Џо Бајден да биде инаугуриран во нов претседател на САД.

    Доналд Трамп со хеликоптер се упати кон воена воздушна база во Мериленд, каде што ќе му биде организирано официјално испраќање од функцијата, по што за последен пат ќе го искористи претседателскиот авион „Ер форс уан“, за да го превезе до неговата резиденција во Флорида. Тој претходно потврди дека нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден, прекинувајќи традиција од 150 години.

    Со една од своите последни одлуки како претседател на САД, тој денеска помилува 73 лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира