ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО НИЦА, ЕДНА ОД ЖРТВИТЕ ОБЕЗГЛАВЕНА

    ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО НАПАД СО НОЖ ВО НИЦА, ЕДНА ОД ЖРТВИТЕ ОБЕЗГЛАВЕНАНападот се случи во базиликата Нотр Дам во центарот на Ница (Фото: АП)

    Три лица се убиени во нападот со нож во францускиот град Ница, објави полицијата. Градоначалникот Кристијан Естроси изјави дека сѐ упатува на тоа дека станува збор за терористички напад, кој се случи во базиликата Нотр Дам во центарот на градот.

    Полицијата соопшти дека една жена е обезглавена и дека напаѓачот е уапсен.

    „Напаѓачот постојано извикуваше ‘Господ е голем‘ додека беше приведуван од полицијата. Еден од убиените е чувар во базиликата“, кажа Естроси.

    Нападот следува неполни две недели по бруталното убиство на учителот Самуел Пати во париско предградие, кој исто така беше обезглавен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира