ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ ЈА ДЕЛАТ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА ОТКРИТИЈА ЗА КЛИМАТА

    ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ ЈА ДЕЛАТ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА ОТКРИТИЈА ЗА КЛИМАТАКако добитници беа објавени Сјукуро Манабе, Клаус Хаселман и Џорџо Паризи (Фото: АП)

    Тројца научници ќе ја поделат Нобеловата награда за физика за нивното проучување и разбирање на сложени системи, како климата на Земјата. Како добитници беа објавени Сјукуро Манабе (Јапонија/САД), Клаус Хаселман (Германија) и Џорџо Паризи (Италија).

    „Манабе и Хаселман ги поставија темелите за нашето знаење за климата на Земјата и како човештвото влијае врз неа. Откритијата на Паризи овозможија да разбереме и опишеме бројни различни материјали и феномени, што е применливо не само во физиката, туку и во други научни области“, појасни Нобеловиот комитет.

    Со 89 години, Хаселман е најстар од тројцата нобеловци за физика за 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира