Бомбаш самоубиец со кола нападна владина канцеларија во главниот град на Сомалија, Могадишу, поради што се урна училиштето во близина, соопшти полицијата.
Колата-бомба во населбата Ховлавадаг уби тројца војници и повреди 14 луѓе, од кои шест деца, објавија локалните власти. Нападот исто така ги оштети и околните куќи и однесе покрив на џамија.
Милитантната група ал- Шабаб ја презема одговорноста за нападот.