ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО СУДИР НА ПАТНИЧКИ И ТОВАРЕН ВОЗ ВО ХРВАТСКА

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО СУДИР НА ПАТНИЧКИ И ТОВАРЕН ВОЗ ВО ХРВАТСКАПотврдено е дека во несреќата загинале три лица, а 11 се повредени. (Фото: Индекс.хр)

    Синоќа околу 21,30 часот кај местото Рајиќ кај Новска во Хрватска се судрија патнички и товарен воз. Според последните информации, потврдено е дека загинале три лица, а 11 се повредени.

    Неофицијалните информации велат дека меѓу повредените има и неколку странци, државјани на Иран. Според ХРТ, загинатите се хрватски државјани.

    Цела ноќ на терен беа сите служби за итна помош, а истрагата е во тек. Премиерот Андреј Пленковиќ синоќа со министрите го посети местото на несреќата, и рече дека станува збор за досега невидена несреќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира