ТРУДО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО КАНАДА, НО ГО ЗАГУБИ МНОЗИНСТВОТО

    ТРУДО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО КАНАДА, НО ГО ЗАГУБИ МНОЗИНСТВОТОКанадскиот премиер Џастин Трудо со сопругата Софи во партискиот штаб во Монтреал на ноќта на изборите во Канада. (Фото: ЦБЦ)

    Либералната партија на Џастин Трудо ја задржи власта, но тесната победа на вчерашните избори во Канада значи дека ќе биде принуден да предводи малцинска влада како премиер. Неговата партија ќе има најмногу места во парламентот, но неговиот втор мандат ќе биде многу потежок бидејќи ќе зависи од други партии да носи закони.

    Либералите освоија 156 места во парламентот, 15 помалку од потребните за мнозинство, објавија канадските медиуми. Досега, тој имаше 177 места од вкупно 338. Конзервативната партија на Ендрју Шир, најголемиот ривал на Трудо, освои 121 место во парламентот.

    Федералните избори во Канада беа референдум за Трудо, кој имаше нестабилен прв мандат, извалкан со скандали.

    „Успеавте пријатели, ви честитам“, им кажа Трудо на насобраните симпатизери во Монтреал.

    На падот на популарноста на Трудо се гледа како неодобрување на неговите политики, но резултатот е големо разочарување за Шир.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира