ЦЕНАТА НА АМЕРИКАНСКАТА НАФТА ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО ВО 20 ГОДИНИ

    ЦЕНАТА НА АМЕРИКАНСКАТА НАФТА ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО ВО 20 ГОДИНИНафтата Брент, бенчмарк за Европа и остатокот од светот, падна за 0,8% на 27,87 долари за барел. (Фото: Пекселс)

    Цената на американската нафта падна на ниво невидено уште од 1999 година, откако побарувачката опадна драстично, а залихите се полни. Цената за барел Западен Тексас средна нафта, бенчмарк за американската нафта, падна за 14% на 15,65 долари утринава.

    Пазарот на нафта се најде под голем притисок за време на пандемијата на коронавирус поради малата побарувачка. На почетокот на месецот, членовите на ОПЕК и нивните сојузници се сложија да го намалат производството а 10%, што најголемо договорено намалување на производството на нафта во историјата.

    Но, аналитичарите сметаат дека намалувањето не е доволно големо за да направи разлика.
    „Не му требаше долго време на пазарот да сфати дека договорот на ОПЕК не е доволен за баланс на пазарот на нафта“, вели Стивен Инс, главен стратег во „Аксикорп“.

    Во меѓувреме, складовите за нафта во САД се преполни и речиси нема веќе место за нови залихи.  Америка е најголем производител на нафта и гас во светот.

    Нафтата Брент, бенчмарк за Европа и остатокот од светот, падна за 0,8% на 27,87 долари за барел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира