Сириските воени претставници денеска соопштија дека се направени сите подготовки и оти евакуацијата на цивили и на бунтовници од Алеп може да почне во „секој момент“.
Опозициските набљудувачки групи синоќа соопштија дека евакуацијата веќе почнала, но новите наводи не можеа веднаш да бидат потврдени.
Спогодбата за евакуација на бунтовниците и на цивили од источен Алеп повторно е постигната и ќе почне да се спроведува наутро, соопштија синоќа сириските бунтовници.
Анкара и Москва во вторникот постигнаа договор за прекин на огнот во Алеп за да се овозможи евакуација на цивили, но нападите продолжија и во средата наутро.