ЦРНА ГОРА ДОНЕСЕ ЗАКОН СО КОЈ СЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИ

    ЦРНА ГОРА ДОНЕСЕ ЗАКОН СО КОЈ СЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИДенеска престануваме да бидеме граѓани од втор ред, порачаа ЛГБТИ здруженијата

    Црногорскиот парламент донесе закон со кој се дозволуваат истополови бракови во оваа земја. Законот за животно партнерство на лицата од ист пол го поддржаа 42 пратеници, еден повеќе од потребното. Против гласаа пратениците на повеќето опозициски партии.

    „Ова е голем чекор во вистинска насока за црногорското општество, неговата демократска зрелост и за процесот на интеграција“, изјави премиерот Душко Марковиќ и ѝ се заблагодари на ЛГБТИ заедницата за учество во дијалогот.

    Оттаму велат дека дури сега претстои она клучно, а тоа е примената на законот во пракса.

    „Тоа е следниот голем чекор во процесот на заштитата на правата на ЛГБТИ лицата. Но, сега сме поблиску од кога било до достоинствен живот и денеска престануваме да бидеме граѓани од втор ред“, соопштија ЛГБТИ здруженијата.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира