ЦРНА ГОРА РАЗМИСЛУВА ДА ПОСТАВИ ЖИЧЕНА ОГРАДА НА ГРАНИЦАТА СО АЛБАНИЈА ПОРАДИ МИГРАНТИТЕ

    ЦРНА ГОРА РАЗМИСЛУВА ДА ПОСТАВИ ЖИЧЕНА ОГРАДА НА ГРАНИЦАТА СО АЛБАНИЈА ПОРАДИ МИГРАНТИТЕМигрантите сега користат нови шверцерски канали на Балканот за да стигнат до ЕУ. - Од протестот на мигрантите на грчко-македонската граница (Фото: СДК)

    Соочена со зголемен број мигранти кои поминуваат низ земјата на патот кон Европска Унија, Црна Гора размислува да постави жичена ограда на границата со Албанија за да ги запре, изјави претставник на владата.

    Илјадници мигранти од Северна Африка и Блиски Исток се обидуваат да стигнат до богатите европски земји користејќи ги новите шверцерски канали на Балканот, со цел од Грција преку Албанија, Црна Гора и БиХ да дојдат до Хрватска.

    Илјадници мигранти останаа во БиХ откако маршрутата преку Турција, Грција, Македонија и Србија беше затворена во 2016 година, по договорот на Турција со Европска Унија.

    „Ако продолжи да се зголемува напливот на мигранти, можеби ќе кренеме остра жичена ограда на границата со Албанија“, кажа Војислав Драговиќ, шефот на црногорскиот оддел за надгледување на државната граница.

    Тој додаде дека албанските власти често не сакаат повторно да ги примат мигрантите кои се враќаат од Црна Гора.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира