ТУРИЗМОТ ВО КАТАЛОНИЈА ОПАДНА ЗА 15 ОТСТО ПО РЕФЕРЕНДУМОТ

    ТУРИЗМОТ ВО КАТАЛОНИЈА ОПАДНА ЗА 15 ОТСТО ПО РЕФЕРЕНДУМОТЗасега нема знаци за намалување на тензиите меѓу каталонската и шпанската влада по референдумот. - Туристи позираат за селфи пред „Саграда Фамилиа“ (Фото: АФП)

    Туризмот во Каталонија опадна за 15 отсто во двете недели по контроверзниот референдум за независнот на шпанскиот регион, велат експерти од индустријата. Терористичките напади во август во Барселона и Камбрилс, во кои што загинаа 16 луѓе, воопшто не влијаеа на бројот на туристи, но сликите од полициско насилство и огромни собири оставаат последици.

    Засега нема знаци за намалување на тензиите меѓу каталонската и шпанската влада по референдумот, кој што доведе до најголемата политичка криза во Шпанија во последните 40 години. Во четвртокот, шпанската влада кажа дека ќе ја укине автономијата на Каталонија откако регионот одби да стави крај на плановите за отцепување.

    Хосе Луис Сореда, потпретседател на туристичката асоцијација „Екселтур“, вели дека туристичките активности во Каталонија се намалиле за 15 отсто во неделите по референдумот во споредба со истиот период лани. Каталонија прими 18 милиони туристи минатата година и туризмот претставува околу 12 отсто од БДП-то на регионот. Повеќе од 400.000 луѓе во Каталонија зависта од туристичката индустрија за работни места.

    Сореда додаде дека резервациите се намалени за 20 отсто за последните три месеци од годината, посебно во Барселона, во период што важи за сезона на конференции и шопинг туризам. Намалување од 20 отсто би значело загуба на околу 1,1 милијарди евра, според Сореда. Тој вели дека опаднатиот туризам се однесува само на Каталонија и нема такво намалување во остатокот од Шпанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира