ТУРСКИОТ ПРЕМИЕР ЈА ПРЕДУПРЕДИ ОПОЗИЦИЈАТА ДА НЕ ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТИ

    ТУРСКИОТ ПРЕМИЕР ЈА ПРЕДУПРЕДИ ОПОЗИЦИЈАТА ДА НЕ ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТИПоддржувачи на кампањата за „Не“ вчера протестираа во Истанбул против исходот од референдумот, со којшто драстично се зголемуваат моќите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган (Фото: АП)

    Турскиот премиер вели дека опозицијата има право да поднесува приговори на исходот од неодамнешниот референдум за проширување на овластувањата на претседателот, но предупреди дека повиците за улични протести се неприфатливи.

    Бинали Јилдирим кажа дека изборната комисија денеска ќе донесе одлука по барањето на главната опозициска партија Републиканската народна партија да се поништи референдумот. Опозициските партии се пожалија на серија нерегуларности, посебно на одлуката на изборната комисија да ги признае за важечки ливчињата без официјален печат, како што предвидува турскиот закон.

    Јилдирим вели дека опозицијата треба да се ограничи на правнички приговори и побара од опозицијата да го прифати резултатот од референдумот. Илјадници излегоа на протести во Истанбул и Анкара по неделниот референдумот, со кој ќе се овозможи трансформација на Турција од парламентарен во претседателски систем.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира