ТУРЦИЈА ГО СМЕНИ МЕЃУНАРОДНОТО ИМЕ ВО ТУРКИЈЕ

    ТУРЦИЈА ГО СМЕНИ МЕЃУНАРОДНОТО ИМЕ ВО ТУРКИЈЕЗемјата започна да се нарекува Туркије во 1923 по прогласувањето на независноста. (Фото: ЕПА)

    Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу испрати писмо до Обединетите нации со кое формално побара неговата земја да се преименува во „Туркије“ (Turkiye). Како што потврди Стефан Дујарич, портпарол на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, писмото на Чавушоглу пристигнало во светската организација и промената на името влегла во сила од истиот момент.

    Промената се толкува како обид на владата во Анкара да ја ребрендира земјата, како и да се прекине асоцијацијата која произлегува од англо-саксонскиот збор „турки“ (turkey) што значи мисирка. За Турците, претходното англиско име Turkey честопати имаше негативна и навредлива конотација.

    Турската влада и претседателот Реџеп Таип Ердоган побараа меѓународно признаеното име Turkey да биде сменето во Turkiye како што се пишува и изговара на турски јазик. Земјата започна да се нарекува Туркије во 1923 по прогласувањето на независноста.

    Во декември, Ердоган нареди користење на Туркије како варијанта која подобро ги претставува турската култура и вредности, вклучително и користењето на „Made in Turkiye“ за извозот од земјата. Турските министерства веќе го користат новото името во официјалната комуникација. На почетокот на годинава, владата објави промотивни видеа во рамките на обидите да се смени англискиот назив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира