ТУРЦИЈА НЕ ЈА ЗАТВОРА ВРАТАТА ЗА ШВЕДСКА И ФИНСКА ВО НАТО, ВЕЛИ ПОРТПАРОЛОТ НА ЕРДОГАН

    ТУРЦИЈА НЕ ЈА ЗАТВОРА ВРАТАТА ЗА ШВЕДСКА И ФИНСКА ВО НАТО, ВЕЛИ ПОРТПАРОЛОТ НА ЕРДОГАНЕрдоган ги изненади членките на НАТО и двете нордиски земји кои сакаат да се зачленат во алијансата, со изјавата дека Турција не поддржува проширување на НАТО. (архивска фотографија)

    Турција не ја затвора вратата за Шведска и Финска да се приклучат на НАТО, но сака преговори со нордиските земји и ставање крај на она што Турција го смета за терористички активности во Стокхолм, вели портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган

    „Не ја затвораме вратата, Но, ние во основа го покренуваме прашањето бидејќи се работи за националната безбедност на Турција“, кажа портпаролот Ибрахим Калин, кој истовремено е советник на Ердоган за надворешна политика во интервју за „Ројтерс“.

    Ердоган ги изненади членките на НАТО и двете нордиски земји кои сакаат да се зачленат во алијансата, со изјавата дека Турција не поддржува проширување на НАТО бидејќи Шведска и Финска се домаќини на „многу терористички организации“.

    Шведска и Финска досега беа надвор од НАТО за да не предизвикаат непријателство кај Русија, но по руската инвазија на Украина, двете земји се премислија и наскоро ќе аплизираат за членство во алијансата.

    Калин кажа дека Работничката партија на Курдистан (ПКК), обележана како терористичка организација од Турција, САД и ЕУ, собира пари и регрутира ширум Европа, е отворено присутна во Шведска.

    „Јасно е дека треба да направат една работа: Тие мора да престанат да дозволуваат присуство на ПКК“, вели Калин, кој ја спомена и организацијата ФЕТО на Фетулах Ѓулен.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира