ТВИТЕР ГО УКИНУВА ВАЈН ПО ЛОШИТЕ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Њујорк,(разниизвори)

    ТВИТЕР ГО УКИНУВА ВАЈН ПО ЛОШИТЕ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ

    Апликацијата за кратки видеа Вајн на Твитер ќе биде затворена во наредните месеци, откако социјалната мрежа не успеа да го направи Вајн профитабилен дел од бизнисот. Иако компанијата инсистира дека се што е досега создадено на апликацијата е безбедно засега, Твитер наскоро ќе почне со процесот на затворање и ќе престане да ја поддржува апликација.

    „Ќе можете да пристапите и да ги симнете вашите видеа. Сајтот ќе биде онлајн, бидејќи сметаме дека е важно да можете се уште да ги гледате сите тие неверојатни видеа што ги направивте. Ќе бидете известени пред да направиме промени на апликацијата или на сајтот“, соопшти тимот на Вајн.

    Твитер, исто така, соопшти дека ќе отпушти 300 вработени, што е девет отсто од работната сила во компанијата по слабите финансиски резултати во третиот квартал, покажа извештајот на компанијата, објавен денеска.

    Твитер поминува низ најголемите проблеми откако стана јавна компанија во 2013 година. Иако, како никогаш досега Твитер е релевантна платформа поради изборите во САД, компанијата никогаш не успеа да ја трансформира релевантноста во успешен бизнис. Твитер смени неколку извршни директори откако беше формиран во 2006 година, но не најде начин да се натпреварува за реклами со Фејсбук и Гугл.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира