ТВИТЕР ПРОФИЛИТЕ НА МАСК, ГЕЈТС, ОБАМА И БАЈДЕН ХАКИРАНИ ВО ИЗМАМА СО БИТКОИНИ

    ТВИТЕР ПРОФИЛИТЕ НА МАСК, ГЕЈТС, ОБАМА И БАЈДЕН ХАКИРАНИ ВО ИЗМАМА СО БИТКОИНИ„Ако ми пратите 1.000 долари, јас ќе ви пратам 2.000“, стоеше на хакираниот профил на Барак Обама (Фото: Твитер)

    Милијардерите Илон Маск, Бил Гејтс и Џеф Безос се меѓу познатите личности чии профили на Твитер биле хакирани во наводна измама со биткоини. Официјалните профили на Канје Вест, Барак Обама и Џо Бајден исто така побарале донации во криптовалутата.

    „Ако ми пратите 1.000 долари, јас ќе ви пратам 2.000“, стоеше на профилот на Бил Гејтс, а слични пораки се појавија и на голем број други профили на познати личности.

    „Ѝ враќам на мојата заедница поради ковид-19. Сите биткоини испратени на мојата адреса ќе бидат удвоени. Ако ми пратите 1.000 долари, јас ќе ви пратам 2.000. За тоа ќе требаат само 30 минути“, беше објавено на профилот на Барак Обама.

    Пораките биле избришани неколку минути по објавувањето. Твитер соопшти дека го истражува инцидентот.

    „Свесни сме за безбедносниот инцидент. Го истражуваме и преземаме чекори да го решиме“, објави Твитер.

    Си-Ен-Ен вели дека ова е најголемиот безбедносен инцидент во историјата на Твитер. Цел на хакерскиот напад биле и профилите на Ким Кардашијан, Мајк Блумберг и на компаниите „Епл“ и „Убер“.

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари