ТВИТЕР ТРАЈНО ГО БЛОКИРАШЕ ТРАМП ПОРАДИ РИЗИК ОД ПОТТИКНУВАЊЕ НОВИ НАСИЛСТВА

    ТВИТЕР ТРАЈНО ГО БЛОКИРАШЕ ТРАМП ПОРАДИ РИЗИК ОД ПОТТИКНУВАЊЕ НОВИ НАСИЛСТВАТвитер целосно го блокираше Трамп откако тој продолжил да ги прекршува правилата на платформата (Фото: АП)

    Твитер трајно го суспендираше профилот на Доналд Трамп поради „ризикот од натамошно поттикнување на насилство“. Од компанијата кажаа дека ја донеле одлуката по детаљна анализа на последните твитови на Трамп на неговиот официјален профил.

    Ова следува откако и Фејсбук го суспендираше профилот на Трамп на неодредено време, а најмалку до истекувањето на неговиот мандат во Белата куќа на 20 јануари.

    Твитер во прв момент го блокираше Трамп на 12 часа, откако тој ги нарече луѓето кои упаднаа во Конгресот „патриоти“. Компанијата потоа предупреди дека суспензијата ќе стане трајна доколку тој продолжи да ги прекршува правилата на платформата. Тој вчера објави два твита за кои Твитер оцени дека ја прелеале чашата.

    „75.000.000 големи американски патриоти кои гласаа за мене ќе имаат свој огромен глас долго во иднината. Тие нема да бидат непочитувани или лошо третирани на кој било начин“, гласеше еден од твитовите.

    Во вториот, Трамп потврди дека нема да оди на инаугурацијата на Бајден, што, според Твитер, е знак дека тој и натаму ги смета изборите за нелегитимни.

    Во текот на својот мандат, Трамп секојдневно се обраќаше преку Твитер, преку кој ги напаѓаше и навредуваше ривалите, отпушташе соработници и негираше медиумски информации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира