УБИЕНИ ДВЕ ЖЕНИ ВО МАРСЕЈ ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД

УБИЕНИ ДВЕ ЖЕНИ ВО МАРСЕЈ ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДФранцуската полиција во реонот на железничката станица во Марсеј спроведува голема безбедносна операција. (Фото: Градијан)

Две жени денес се убиени во францускиот град Марсеј. Тие биле нападнати на железничката станица во градот, каде маж ги прободел со нож и при тоа извикувал „алаху акбар“ (алах е голем). Напаѓачот потоа бил погоден и убиен од војниците кои интервенирале.

Полицијата вели дека станува збор за терористички напад.

Во моментов во реонот на железничката станица и пошироко се спроведува голема безбедносна операција.
Два слични напади во Марсеј имаше во август годинава, а последните две години има десетици жртви во терористички напади.

Сличен напад вчеравечер се случил во канадскиот град Едмонтон.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира