Еден ученик и една жена се ранети во напад со нож во средно училиште во Загреб. Полицијата кажа дека нападот во населбата Волтино го извел друг ученик, кој е приведен.
Хрватските медиуми објавија дека ученикот носел „фантомка“ на главата за време на нападот, кој се случил нешто по осум часот.
Полицијата потврди дека еден ученик со остар предмет ранил друг ученик и вработена во школото. Засега нема потврда за тежината на повредите.



