УЧЕСНИЦИТЕ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО БУРГАС ВО 2012 ОСУДЕНИ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР

    УЧЕСНИЦИТЕ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО БУРГАС ВО 2012 ОСУДЕНИ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОРВо нападот на аеродромот во Бургас беа убиени петмина израелски туристи и бугарски возач (Фото: Ројтерс)

    Двајца мажи кои учествуваа во терористичкиот напад во бугарскиот град Бургас во 2012 година, кога загинаа шест луѓе, се осудени на доживотен затвор без право на помилување.

    Специјален криминален суд во Софија утврди дека 39-годишниот Австралиец Мелијад Фара и 32-годишниот Канаѓанец Хасан Ел Хаџ Хасан, и двајцата со либанско потекло, биле соработници на бомбашот самоубиец Мохамад Хасан Ел-Хусаини, кој го изврши нападот на аеродромот во Бургас, кога беа убиени петмина израелски туристи и бугарски возач. На двајцата им се судеше во отсуство.

    Во нападот беа повредени 35 луѓе и тоа беше најсмртоносниот напад врз израелски државјани во странство од 2004 година.

    Според обвинителите, двајцата мажи пристигнале во Бугарија од Романија еден месец порано и ја напуштиле земјата вечерта после нападот. И бугарските и израелските власти за нападот го обвинија Хезболах.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира