УКРАДЕНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА 500 МИЛИОНИ ГОСТИ ВО „МЕРИОТ“ ХОТЕЛИТЕ

    УКРАДЕНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА 500 МИЛИОНИ ГОСТИ ВО „МЕРИОТ“ ХОТЕЛИТЕХотелскиот ланец, со седиште во Бетесда, САД, вели дека компромитираните лични податоци вклучуваат имиња, адреси, датуми на раѓање, броеви на пасоши, имејл адреси и телефонски броеви на стотици милиони гости. (Фото: АП)

    Ланецот хотели „Мериот“ соопшти дека им била хакирана датабаза на системот за резервации и личните податоци на 500 милиони гости се компромитирани. Истрагата на хотелската групација, која управува со над 6.700 објекти низ светот и е најголем хотелски ланец во светот, утврдила дека неовластени лица ги ископирале податоците и потоа се обиделе да ги избришат.

    Хотелскиот ланец, со седиште во Бетесда, САД, вели дека компромитираните лични податоци вклучуваат имиња, адреси, датуми на раѓање, броеви на пасоши, имејл адреси и телефонски броеви на стотици милиони гости. Хакерите, исто така, украле информации за кредитни картички на дел од гостите, но засега е нејасно дали хакерите можат да ги искористат за плаќање.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира