УКРАИНА БИ МОЖЕЛА ДА ГИ ДОБИЕ БАРАНИТЕ ПОВЕЌЕРАКЕТНИ СИСТЕМИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ ОД САД

    УКРАИНА БИ МОЖЕЛА ДА ГИ ДОБИЕ БАРАНИТЕ ПОВЕЌЕРАКЕТНИ СИСТЕМИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ ОД САДМЛРС ќе ѝ овозможи на украинската војска да гаѓа подалечни мети (Фото: АФП)

    Американската влада е блиску до испраќање на повеќеракетни системи со долг дострел (МЛРС) во Украина, за што Русија кажа дека е сериозна провокација.

    Украинските власти ги повикаа западните земји да испратат вакви системи додека се засилуваат руските бомбардирања на истокот на земјата. Русија го стега обрачот околу Северодоњецк, клучниот град за освојување на целиот регион Луганск, при што го напаѓа со авиони, тенкови и артилерија.

    Украинската војска веќе користи „хаубици М777“ добиени од САД, кои имаат домет од 25 километри, но МЛРС ќе ѝ овозможи да гаѓа подалечни мети, зад линијата на фронтот. Системот „М270“ користи разна муниција, а најнапредните можат да погодат мети оддалечени до 300 километри. Тој може да испукува и ракети со домет од околу 70 километри.

    Висок американски функционер кажа дека Белата куќа нема проблем со тоа да ѝ испрати МЛРС на Украина, но без компатибилни проектили со најдолг домет, стравувајќи дека би можеле да се гаѓаат мети во Русија.

    САД ги користеа овие системи за уништување важни ирачки цели во војните во 1990/91 и 2003.

    Во меѓувреме, Украина почна да добива антибродски проектили „харпун“ од Данска и „хаубици М109“ од САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира