УКРАИНА ДОБИ ГОЛЕМИ ВЕТУВАЊА НА САМИТОТ НА НАТО ВО ВИЛНУС, БРИТАНИЈА КАЖА ДЕКА ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ ПОВЕЌЕ БЛАГОДАРНОСТ

    УКРАИНА ДОБИ ГОЛЕМИ ВЕТУВАЊА НА САМИТОТ НА НАТО ВО ВИЛНУС, БРИТАНИЈА КАЖА ДЕКА ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ ПОВЕЌЕ БЛАГОДАРНОСТЗеленски го опиша исходот на самитот како значаен успех, иако бараше покана за членство во НАТО (Фото: АП)

    САД и нивните сојузници претставија нови безбедносни гаранции за Украина на самитот на НАТО во Вилнус, кои би требало долгорочно да ја засилат нејзината одбрана од Русија. Ветувањето за долгорочна заштита доаѓа ден откако Володимир Зеленски жестоко го искритикува НАТО затоа што на Украина не ѝ дава покана или временска рамка за членство.

    Место тоа, членките на Г7 претставија рамка за билатерални преговори за обезбедување воена и финансиска поддршка, споделување разузнавачки информации и ветување за моментални чекори ако Русија повторно нападне.

    Нашата поддршка ќе трае долго во иднината. Тоа е моќна изјава за нашата посветеност кон Украина. Ќе бидеме со неа колку што биде потребно“, изјави Џо Бајден.

    Ден по својата жестока реакција, Зеленски го опиша исходот на самитот како значаен успех, но додаде дека на средбата со Бајден ќе побара и проектили со долг дострел, што веќе ги доби од Велика Британија и Франција.

    На постојаните барања за уште оружје реагираше британскиот министер за одбрана Бен Волас, кој потсети дека државите се откажуваат од своите сопствени залихи заради Украина.

    Киев мора да покаже благодарност за милиони долари вредното оружје што го добива од западните сојузници. Минатата година, кога украински функционери ни бараа уште оружје, им одговорив со ‘Ние не сме Амазон‘. Но, ова е благородна војна, Украинците се борат за својата слобода“, кажа Волас.

    Украина исто така доби ветување дека 11 држави ќе учествуваат во обуката на нејзините пилоти за управување со авионите „Ф-16“, а објавено е и формирањето на новиот Совет НАТО-Украина, во кој двете страни ќе бидат еднакви во донесувањето одлуки. Овој совет е дел од повеќегодишниот пакет со кој Украина треба повеќе да се доближи до НАТО и на крајот да стане негова членка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира