Украина ги примила првите борбени авиони „Ф-16“ што ги барашс долго време, потврди еден американски функционер. И еден украински пратеник кажа дека земјата добила мал број вакви авиони.
Украина со месеци ги притискаше западните сојузници за овие авиони, сметајќи дека тие се клучни за одбрана од руските напади. Западот, пак, се двоумеше поради грижите дека тоа би можело да доведе до ескалација на војната.
САД исто така ги обучуваа украинските пилоти како да управуваат со „Ф-16“ и првата класа веќе била спремна за акција.
Не е познато колку авиони добила Украина во првиот пакет. По одобрението од Џо Бајден, Белгија, Холандија, Данска и Норвешка ветија дека ќе ѝ дадат на Украина повеќе од 60 авиони. Се верува дека Русија има десет пати поголема флота борбени авиони. Украина вели дека ѝ требаат барем 130 авиони за да може да се спротивстави на руската доминација во воздухот.