Украина и Европската Унија потпишаа договор за беспилотни летала, што ќе ја комбинира експертизата на Киев со европските индустриски капацитети за воспоставување заеднички проекти и зголемување на производството, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Произведуваме 10 милиони дронови годишно. И ќе бидат 20 милиони. За првпат, Украина фундаментално го промени бојното поле“, кажа Володимир Зеленски.
„Треба да ги комбинираме нашите силни страни. Овој договор ќе ги спои украинската генијалност и индустријата на Европа“, рече Фон дер Лајен во Киев.
Украина потпиша серија вакви договори со одделни земји, но ова е прв договор што ќе вклучи и компании од ЕУ.
„Знаењето што го стекнавте за беспилотни летала и протовдронски системи е навистина уникатно. Мора заедно да се справиме со ова бидејќи ги знаеме заканите со кои се соочува Европа“, додаде Фон дер Лајен.



