УКРАИНА ЈА НАМАЛИ ВОЗРАСТА ЗА ВОЕНА МОБИЛИЗАЦИЈА ОД 27 НА 25 ГОДИНИ

    УКРАИНА ЈА НАМАЛИ ВОЗРАСТА ЗА ВОЕНА МОБИЛИЗАЦИЈА ОД 27 НА 25 ГОДИНИЗеленски во декември кажа дека се потребни уште 500.000 војници (Фото: АФП)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој возрасната граница за воена мобилизација се намалува од 27 на 25 години. Ова ќе ѝ овозможи на украинската војска да повика повеќе луѓе во своите редови откако се намали бројот на доброволците.

    Зеленски во декември кажа дека се потребни уште 500.000 војници. Овој закон беше изгласан во парламентот уште во мај 2023, но досега не стапи на сила зашто Зеленски го немаше потпишано. Зеленски претходно најави дека Русија би можела да почне нова голема офанзива оваа пролет или налето.

    Украина лани покрена противофанзива, но оствари само мали територијални добивки, додека во исто време доживеа порази на источниот фронт откако се соочи со намалување на западната воена помош. Во февруари, Зеленски изјави дека 31.000 украински војници загинале од почетокот на војната, додека Вашингтон смета дека се над двојно повеќе.

    Владимир Путин кажа дека повеќе од 600.000 руски војници се борат во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира