УКРАИНА НАЈАВУВА ДЕКА ЌЕ ТРГНЕ ВО ПРОТИВОФАНЗИВА ЗАШТО РУСКАТА ОФАНЗИВА КАЈ БАХМУТ СЛАБЕЕ

    УКРАИНА НАЈАВУВА ДЕКА ЌЕ ТРГНЕ ВО ПРОТИВОФАНЗИВА ЗАШТО РУСКАТА ОФАНЗИВА КАЈ БАХМУТ СЛАБЕЕРуските сили досега не успеаја да ги принудат Украинците на повлекување од Бахмут (Фото: Гети)

    Украинските трупи, кои со месеци беа во дефанзива, наскоро ќе почнат противофанзива, бидејќи се чини дека руската офанзива слабее, изјави заповедникот на украинските копнени сили Олександр Сирски. Украинската војска објави дека во изминатите 24 часа Русите лансирале неуспешни напади во правецот на Лиман, Авдивка, Маринка и Шахтарске, но нивниот главен фокус останува Бахмут.

    Непријателот не запре со нападите на Бахмут“, соопшти генералштабот на украинската војска.

    Руските сили веќе со месеци се обидуваат да го освојат Бахмут, но досега не успеаја целосно да го опколат и да ги принудат Украинците на повлекување.

    Платеничката група ‘Вагнер‘ има изгубено значителен дел од својата моќ и многу брзо ќе ја искористиме оваа можност, како и претходно кај Киев, Харкив, Батаклија и Купјанск“, кажа Сирски.

    И шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, во изминатите денови предупредуваше на можна украинска противофанзива и дека Украина се обидува да ги отсече неговите борци од регуларната руска војска. Руските новинари кои се наоѓаат во близина на фронтот во Бахмут велат дека се забележуваат знаци дека руската офанзива во оваа област слабее и дека се намалува интензитетот на бомбардирањата.

    Во исто време, претседателот Зеленски предупреди дека војната би можела да трае со години ако не се забрза испораката на западните оружја и повторно побара проектили со долг дострел, муниција и модерни авиони. Словачка вчера кажа дека испратила четири авиони „миг-29“ во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира