УКРАИНА НАРЕДИ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕВАКУАЦИЈА НА 220.000 ЖИТЕЛИ НА ДОНБАС

    УКРАИНА НАРЕДИ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕВАКУАЦИЈА НА 220.000 ЖИТЕЛИ НА ДОНБАСЗадолжителната евакуација ја најави потпретседателката на украинската влада Ирина Верешчук (Фото: Некста)

    Околу 220 илјади жители на регионот Донецк ќе бидат задолжително евакуирани, најави украинската министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук. Верешчук рече дека главна причина за тоа е што Русија ја уништила инфраструктурата за греење и нема довод на гас во регионот.

    „Сите гасни централни што можеа да се поправат се поправени, но непријателот, повторно и повторно, уништува сè што може да им помогне на луѓето да се згреат во зима. Исто така, нема соодветно снабдување со електрична енергија. Накусо, нема да има греење во Донецк зимава. Друга причина е што гранатирањето само станува полошо“, изјави таа.

    Верешчук кажа дека граѓаните сепак имаат право да одбијат да се евакуираат.

    „Ако некој одбие да се евакуира, ќе мора да потпише дека разбира дека има опасност по неговиот живот. Ние сме демократска земја, не можеме да принудиме некого да се евакуира“, рече таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира