УКРАИНА НЕ ПРИФАЌА ПРЕКИН НА ОГНОТ, ИАКО СИТУАЦИЈАТА ВО ДОНБАС Е МНОГУ ТЕШКА

    УКРАИНА НЕ ПРИФАЌА ПРЕКИН НА ОГНОТ, ИАКО СИТУАЦИЈАТА ВО ДОНБАС Е МНОГУ ТЕШКАУништен трамвај на улиците на Мариупол, кој сега е целосно под руска контрола (Фото: АП)

    Украина кажа дека не прифаќа прекин на огнот и отстапки кон Москва, додека се интензивира руската офанзива во Донбас. Претседателот Зеленски кажа дека руската војска жестоко ги напаѓа градовите Словјанск и Северодоњецк, но одбраната се држи.

    Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка. Но, иако се водат крвави борби, крајот на оваа војна може да дојде само по дипломатски пат. Руската окупација на украинските територии ќе биде привремена“, изјави Зеленски.

    Неговиот советник Михајло Подољак нагласи дека Украина нема да се согласи на никаков договор кој вклучува отстапување територии.

    Тоа со лошо би ѝ се вратило на Украина, зашто Русија потоа би удрила уште посилно. Војната нема да заврши со отстапки, туку само ќе ја паузира на некое време. Тие ќе почнат нова офанзива, уште поширока и покрвава“, кажа Подољак.

    Последните повици за прекин на огнот дојдоа од американскиот министер за одбрана Лојд Остин и италијанскиот премиер Марио Драги.

    Руските сили користат авиони, артилерија, тенкови, ракети и проектили долж целата линија на фронтот“, кажа украинската војска, додавајќи дека уништиле мост меѓу Северодоњецк и Лисичанск.

    Овие градови Русија се обидува да ги освои од средина на април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира