Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли барањето на рускиот претседател Владимир Путин Украина да го предаде регионот Донбас, составен од регионите Донецк и Луганск, бидејќи украинскиот Устав забранува откажување од територија или тргување со територија. Тоа исто така значи дека тој не може да го отстапи ниту Крим.
Наместо тоа, замрзнувањето на фронтовската линија – која се протега околу 1.000 километри од североисточна до југоисточна Украина – се чини дека е најмногу што украинскиот народ би можел да прифати.
Русија моментално држи околу 20% од украинската територија по инвазијата што почна во февруари 2022.
Како услов за мир, рускиот лидер сака Киев да се откаже од Донбас, индустрискиот регион во источна Украина кој доживеа некои од најинтензивните борби, но кој руските сили не успеаја целосно да го освојат.
Во својата објава синоќа, американскиот претседател Доналд Трамп напиша дека Зеленски треба да ја прифати и нелегалната анексија на украинскиот регион Крим ивршена од Русија во 2014 година.
Како дел од договорот, Путин рече дека САД и нивните европски сојузници можат да ѝ обезбедат на Украина безбедносна гаранција слична на ветувањето за колективна одбрана на НАТО, според висок американски функционер.
Преставникот на Трамп, Стив Виткоф, го нарече тоа е чекор „што ја менува играта“, иако понуди малку детали за тоа како би функционирало.
Украина долго време инсистираше на некаков вид гаранција што би ја спречила Русија повторно да нападне.
Трамп и Зеленски денеска ќе се состанат во Вашингтон заради разговори за завршување на војната, во придружба на неколку клучни лидери на ЕУ.