УКРАИНА ОБЈАВИ СНИМКА ОД РУСКИТЕ РОВОВИ ВО РАДИОАКТИВНАТА ЦРВЕНА ШУМА КАЈ ЧЕРНОБИЛ

    УКРАИНА ОБЈАВИ СНИМКА ОД РУСКИТЕ РОВОВИ ВО РАДИОАКТИВНАТА ЦРВЕНА ШУМА КАЈ ЧЕРНОБИЛРуските сили го напуштија Чернобил минатата недела (Фото: Енергоатом)

    Украинските власти објавија снимка од дрон која прикажува напуштени руски воени позиции во високо радиоактивната област кај нуклеарната централа Чернобил. На видеото што го сними украинската војска се гледаат празни ровови во област позната како Црвена Шума. Таа се наоѓа 500 метри од нуклеарниот комплекс Чернобил и важи за едно од најрадиоактивните места на светот.

    „Имаме видеодоказ дека Русија им наредила на своите војници да се утврдат близу нуклеарната централа Чернобил во радиоактивната Црвена Шума“, објави украинското министерство за одбрана.

    Црвената Шума го добила името по просторот од десетици квадратни километри борови дрвја кои станале црвени откако биле изложени на радијација по експлозијата во Чернобил во 1986 година. Пристапот во оваа област е строго забранет за сите кои немаат специјална дозвола.

    Руските трупи го зазедоа Чернобил во почетокот на инвазијата на Украина, но си заминаа минатата недела. Државната нуклеарна компанија „Енергоатом“ вели дека постои голема шанса руските војници да биле изложени на значителна доза на радијација додека биле присутни во Црвената Шума. Работниците од централата кажаа дека војниците не носеле заштитна опрема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира