УКРАИНА ПОТВРДИ ДЕКА НЕЈЗИНАТА ВОЈСКА ИЗВЕДУВА АКЦИИ НА ИСТОЧНИОТ БРЕГ НА ДНЕПАР КАЈ ХЕРСОН

    УКРАИНА ПОТВРДИ ДЕКА НЕЈЗИНАТА ВОЈСКА ИЗВЕДУВА АКЦИИ НА ИСТОЧНИОТ БРЕГ НА ДНЕПАР КАЈ ХЕРСОНРуските сили го држат источниот брег на Днепар откако се повлекоа од Херсон минатиот ноември (Фото: Гети)

    Украинските сили стационирани на западниот брег на Днепар често изведуваат акции на другата страна на реката кај градот Херсон во обид да ги изместат руските трупи, изјави заменик-шефот на воената управа на Херсон, Јури Соболевски. Ова е прва потврда на извештаите дека украинската војска го има преминато Днепар, во очекување на почетокот на пролетната противофанзива.

    Руските сили го држат источниот брег на Днепар откако се повлекоа од Херсон минатиот ноември и Соболевски вели дека овие украински акции имаат за цел да ја намалат борбената способност на Русите кои често го гранатираат градот и оневозможуваат да се врати нормален живот.

    Нашата војска често го посетува источниот брег на Днепар и изведува акции. Украинската војска дејствува многу, многу ефективно. Резултатите ќе дојдат како што беше и на западната страна, кога по долга и сложена операција беа ослободени наши територии со минимални загуби на војската“, изјави Соболевски.

    Воените аналитичари сметаат дека Украина наскоро ќе тргне во противофанзива, а една од главните цели би можел да биде пробив низ копнениот коридор меѓу Русија и Крим. Минатата недела беше објавено дека руски воени блогери имаат споделено геолокациски снимки, кои потврдуваат дека украинските сили воспоставиле позиции на источниот брег на Днепар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира