УКРАИНА ПРОНАЈДЕ ДУПКИ ВО РУСКАТА ПРОТИВВОЗДУШНА ОДБРАНА И НАПАЃА ВОЕНИ БАЗИ ОДДАЛЕЧЕНИ СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ОД ГРАНИЦАТА

    УКРАИНА ПРОНАЈДЕ ДУПКИ ВО РУСКАТА ПРОТИВВОЗДУШНА ОДБРАНА И НАПАЃА ВОЕНИ БАЗИ ОДДАЛЕЧЕНИ СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ОД ГРАНИЦАТАНа воен аеродром во Курск денеска гореше складиште со гориво

    Трета руска воздушна база беше цел на напад со дрон, ден откако Украина демонстрираше дека е способна да навлезе стотици километри на руската територија и притоа да нападне два воени аеродрома.

    Официјални лица од рускиот град Курск објавија снимки од густ црн чад над тамошен аеродром по нападот кој се случил во раните утрински часови. Гувернерот на Курск кажа дека е запалено складиште со гориво и дека нема повредени.

    Русија вчера потврди дека две нејзини воени бази, оддалечени стотици километри од украинската граница, биле нападнати со дронови од советско време. Киев не ја презеде одговорноста за нападите, но ги прослави.

    Ако Русија проценила дека ова биле намерни напади, тоа веројатно ќе бидат најзначајните стратешки пропусти во руската воздушна заштита од почетокот на инвазијата“, објави британското министерство за одбрана.

    Русија кажа дека тројца војници загинале во вчерашните напади, што ги опиша како терористички чин.

    Цитирајќи неименуван украински функционер, „Њујорк тајмс“ објави дека дроновите со кои биле извршени вчерашните напади биле лансирани од Украина, а барем еден од нив бил изведен со помош на специјални сили во близина на базата. Руските коментатори велат дека ако Украина може да нападне толку далеку, тогаш и Москва би можела да биде мета.

    Базата Енгелс-2 се наоѓа 600 километри од украинската граница и таму се стационирани стратешките бомбардери со долг дострел „туполев“, со какви што Русија изведува ракетни напади на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира