УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА УНИШТИЛА ГОЛЕМ РУСКИ ДЕСАНТЕН БРОД ВО БЕРДЈАНСК

    УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА УНИШТИЛА ГОЛЕМ РУСКИ ДЕСАНТЕН БРОД ВО БЕРДЈАНСКУкраинското министерство за одбрана кажа дека станува збор за бродот „Орск“ (Фото: Твитер)

    Украинската морнарица соопшти дека уништила голем руски воен брод во близина на пристанишниот град Бердјанск во југоисточниот регион Запорожје. Таа прецизираше дека станува збор за десантниот брод „Орск“.

    Украинското министерство за одбрана објави фотографија на Фејсбук на која се гледаат пламен и голем облак од чад над пристаништето.

    Бердјанск, кој се наоѓа 75 километри северозападно од Мариупол, е под контрола на руските сили од 27 февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира