УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА СЕ ПОДГОТВУВА НОВА РУСКА ОФАНЗИВА НА ИСТОКОТ НА ЗЕМЈАТА

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА СЕ ПОДГОТВУВА НОВА РУСКА ОФАНЗИВА НА ИСТОКОТ НА ЗЕМЈАТАРуската инвазија влезе во шестата недела (Фото: АП)

    Претседателот Володимир Зеленски кажа дека Украина се подготвува за нова голема руска офанзива на истокот на земјата.

    „Русија акумулира сили за нови напади во Донбас. И ние се подготвуваме за тоа“ , изјави Зеленски.

    Руската инвазија влезе во шестата недела и поради силниот украински отпор, руските сили досега немаат заземено ниеден поголем град. Москва минатата недела најави дека фокусот на „специјалната воена операција“ ќе се сврти кон целосното ослободување на Донбас, поради што руските трупи се прегрупираат.

    Зеленски кажа дека одбраната на земјата од руската инвазија се наоѓа во пресвртна точка.

    „Нема да се предадеме. Ќе се бориме за секој метар од нашата земја, за секој човек“, рече тој во ноќното обраќање.

    И лидерот на самопрогласената народна република Доњецк, Денис Пушилин, вчера кажа дека офанзивните операции се засилуваат. Доњецк го вклучува и Мариупол, кој веќе со недели е под опсада на руските сили и се верува дека 170.000 цивили и натаму се блокирани во градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира