УКРАИНА ВРАТИ ВО НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА 30 ДЕЦА КОИ РУСИЈА ГИ ДЕПОРТИРАШЕ ОД ОКУПИРАНИТЕ ТЕРИТОРИИ

    УКРАИНА ВРАТИ ВО НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА 30 ДЕЦА КОИ РУСИЈА ГИ ДЕПОРТИРАШЕ ОД ОКУПИРАНИТЕ ТЕРИТОРИИКиев проценува дека речиси 19.500 деца се однесени во Русија од инвазијата на Москва лани во февруари, што го осудува како незаконско депортирање. (Фото: АП)

    Повеќе од 30 деца беа повторно обединети со нивните семејства во Украина оваа недела, по долга операција за нивно враќање од Русија, каде што беа однесени од окупираните области за време на војната, соопшти денеска хуманитарна група. Киев проценува дека речиси 19.500 деца се однесени во Русија од инвазијата на Москва лани во февруари, што го осудува како незаконско депортирање.

    Москва, која контролира делови од источниот и јужниот дел на Украина, негира дека киднапирала деца и вели дека тие биле пренесени поради сопствена безбедност.

    „Сега петтата спасувачка мисија е при крај. Беше посебно во однос на бројот на деца што успеавме да ги вратиме, а исто така и поради нејзината сложеност“, рече Микола Кулеба, основачот на хуманитарната организација „Спасете ја Украина“.

    Групата им помогна на украинските роднини на децата кои беа однесени во Русија со потребната логистика, транспорт и планирање за да тргнат на долгото патување за да ги донесат своите деца и да ги вратат назад.

    Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатиот месец издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за правата на децата на Русија, Марија Лвова-Белова, обвинувајќи ги за киднапирање деца од Украина. Москва не ја крие програмата според која донесе илјадници украински деца во Русија од окупираните области, но тоа го претставува како хуманитарна кампања за заштита на сирачињата и децата напуштени во зоната на конфликтот. Русија ги отфрли наводите на МКС, велејќи дека не ја признава јурисдикцијата на МКС и дека налогот против Путин и Лвова-Белова е ништовен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира