Воeната агресија на Русија врз Украина однесе шест жени во Косово, каде што посетуваат практичен курс за расчистување нагазни мини и други опасности што може да останат скриени низ нивната земја по завршувањето на борбите. 18-дневниот камп за обука се одржува на полигон во западниот град Пеќ, каде што компанија со седиште во Малта редовно нуди курсеви за оние кои бараат работа, фирми кои работат во поранешни воени зони, хуманитарни организации и владини агенции.
„Има огромна побарувачка за луѓе кои знаат да вршат деминирање бидејќи војната наскоро ќе заврши“, вели една од девојките на курсот. „Веруваме дека има толку многу работа што треба да се направи“.
Обуката се изведува на импровизираното минско поле и во импровизирана училница на отворено во која има огромна табла со различни примероци од експлозиви и мини.
По војната во Косово во 1998-1999 во која загинаа околу 13.000 луѓе, останаа илјадници неексплодирани мини што требаше да се расчистат. Опсегот на компанијата од вклучува бомбардирани и напуштени згради, како и пространства со вегетација.
Инструкторот Артур Тигани, кој ја приспособи наставната програма за да ја одрази околината во Украина, рече дека му е мило што искуството на својата мала балканска нација го сподели со Украинките. Тигани е високо обучен и искусен офицер за операции за мини, кој служел како инженер во поранешната југословенска армија во текот на 1980-тите. Тој бил распореден во Косово, Шри Ланка, Уганда, Конго, Руанда и Кенија, а извршувал мисии за обука во Сирија и Ирак.
Иако е невозможно да се процени колку Украина е преполна со мини и неексплодирани убојни средства во моментов, последиците од другите конфликти сугерираат дека проблемот ќе биде огромен. Воените аналитичари сметаат дека руските сили употребиле противпешадиски и противавтомобилски мини, додека Украина користела противтенковски мини за да се обиде да ги спречи Русите да напредуваат.
„Во многу делови од светот, експлозивните остатоци од војната продолжуваат да убиваат и осакатуваат илјадници цивили секоја година за време и долго по завршувањето на активните конфликти. Поголемиот дел од жртвите се деца“, кажа Меѓународниот комитет на Црвениот крст на конференцијата на ОН во декември.
Со оглед на тоа што на Украинците на возраст од 18 до 60 години им е забрането да ја напуштат својата земја и најмногу се ангажирани во нејзината одбрана, жените сакаа да помогнат на кој било начин и покрај ризиците поврзани со чистењето мини.
„Опасно е низ цела Украина, дури и ако сте во релативно безбеден регион“, ВЕЛИ девојка од курсот, која е од централна Украина.
Косовскиот тренинг центар планира да работи со повеќе групи Украинки, и во Пеќ и во Украина.