УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ПОТВРДИ ДЕКА ИМ НАРЕДИЛА НА ПОСЛЕДНИТЕ БРАНИТЕЛИ НА МАРИУПОЛ ДА СЕ ПРЕДАДАТ

    УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ПОТВРДИ ДЕКА ИМ НАРЕДИЛА НА ПОСЛЕДНИТЕ БРАНИТЕЛИ НА МАРИУПОЛ ДА СЕ ПРЕДАДАТУкраинските борци 82 дена војуваа со Русите во Мариупол (Фото: АФП)

    Украинската војска соопшти дека има за цел да ги евакуира и преостанатите бранители на Мариупол од нивното последно упориште, откако тие почнаа да се предаваат по 82 дена борби, со што е ставен крај на една од најкрвавите битки во Европа по Втората светска војна.

    Неколку автобуси заминале ноќеска од подрачјето на челичарницата „Азовстал“, од кои пет пристигнале во градот Новоазовск, кој е под руска контрола. Руското министерство за одбрана објави видео од украински војници како ја напуштаат фабриката. Русија кажа дека 256 украински борци го положиле оружјето и се предале, од кои 51 сериозно повреден, додека Украина соопшти дека се 264.

    „Мариуполскиот гарнизон ја исполни својата борбена мисија. Врховната воена команда им нареди на заповедниците на единиците стационирани во ‘Азовстал‘ да ги спасат животите на своите војници. Бранителите на Мариупол се хероите на наше време“, соопшти генералштабот на украинската војска.

    По речиси тримесечни жестоки борби и бомбардирања, Мариупол сега е руина и се стравува дека загинале десетици илјади луѓе. Неговото целосно освојување е најголемата руска победа во војната во Украина, бидејќи Москва добива целосна контрола врз брегот на Азовското Море и непрекинат дел од јужна и источна Украина со големина на Грција.

    Украинските власти се надеваат дека евакуираните бранители на Мариупол ќе бидат разменети за руски воени заробеници.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира