УНГАРИЈА ЈА ОТКАЖА ПОСЕТАТА НА ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ БЕРБОК ПОРАДИ СПОРОТ ОКОЛУ СРЕДБАТА ОРБАН-ПУТИН

    УНГАРИЈА ЈА ОТКАЖА ПОСЕТАТА НА ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ БЕРБОК ПОРАДИ СПОРОТ ОКОЛУ СРЕДБАТА ОРБАН-ПУТИНОрбан призна дека немал мандат од ЕУ за своето патување, кое го опиша како мировна мисија (Фото: ЕПА)

    Будимпешта ја откажа договорената средба на министрите за надворешни работи на Унгарија и Германија, Петер Сјарто и Аналена Бербок, која требаше да се одржи в понеделник во Будимпешта. Откажувањето во последен момент доаѓа откако германскиот канцелар Олаф Шолц и други лидери на ЕУ ја осудија посетата на Виктор Орбан на Москва, каде што тој вчера разговараше со Владимир Путин.

    Бербок требаше да го покрене прашањето за патувањето на Орбан, но германското министерство за надворешни работи кажа дека „на нивно изненадување, унгарската страна ја откажала средбата со Сјарто“.

    Со оглед на изненадувачкото и некоординирано патување на премиерот Орбан во Москва, сериозна и искрена дискусија помеѓу двајцата министри за надворешни работи ќе беше многу важна. Жалиме за откажувањето“, рече Берлин, додавајќи дека патувањето ќе биде презакажано за друг датум.

    Шолц беше меѓу европските лидери кои вчера го осудија патувањето на Орбан во Москва, нагласувајќи дека тој бил во посета како премиер на Унгарија, а не како претставник на ЕУ. И самиот Орбан призна дека немал мандат од ЕУ за патувањето, кое го опиша како мировна мисија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира