УНГАРИЈА ЌЕ ОДРЖИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ОД ХОМОСЕКСУАЛНОСТА

    УНГАРИЈА ЌЕ ОДРЖИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ОД ХОМОСЕКСУАЛНОСТАОрбан вели дека нема да дозволи Брисел да решава за иднината на унгарските деца (Фото: Гети)

    Виктор Орбан најави дека Унгарија ќе одржи национален референдум за заштита на децата, што се однесува на неодамна усвоениот закон против промовирањето на хомосексуалноста меѓу младите, за кој земјата се соочи со жестоки критики во Европската Унија.

    „ЛГБТ активисти посетуваат градинки и училишта и држат предавања за сексуално образование. Сакаат да го прават тоа и во Унгарија“, вели Орбан во видео објавено денеска.

    Референдумот ќе содржи пет прашања, од кои едно ќе гласи „Дали поддржувате на малолетниците да им се покажуваат медиумски содржини со сексуална природа кои можат да влијаат врз нивниот развој?“. Орбан го најави референдумот три дена пред одржувањето на парадата на гордоста во Будимпешта.

    Унгарскиот парламент минатиот месец го усвои контроверзниот закон, што критичарите го споредуваат со рускиот закон против геј пропаганда. Владата вели дека тој има за цел да ги заштити децата.

    „Се бориме за иднината на нашите деца и не смееме да попуштиме. Не можеме да дозволиме Брисел да ни го наметне неговиот начин“, вели Орбан.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира