УНГАРИЈА НАЈАВИ ДЕКА БИ МОЖЕЛА ДА ГО ПОДДРЖИ ЕВРОПСКИОТ ПАКЕТ ОД 50 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА УКРАИНА

    УНГАРИЈА НАЈАВИ ДЕКА БИ МОЖЕЛА ДА ГО ПОДДРЖИ ЕВРОПСКИОТ ПАКЕТ ОД 50 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА УКРАИНАВиктор Орбан го блокираше пакетот минатиот месец (Фото: Гети)

    Унгарија најави дека е подготвена за компромис и да дозволи предложениот европски пакет помош за Украина да се финансира од буџетот на Европската Унија. Лидерите на Унијата повторно ќе разговараат за помошта од 50 милијарди евра на самитот што почнува в четврток откако унгарскиот премиер Виктор Орбан го блокираше пакетот минатиот месец.

    Балаш Орбан, еден од најблиските советници на премиерот Орбан, сега изјави дека Унгарија е отворена за користењето на буџетот на ЕУ за финансирање на Украина, што претставува голема промена во ставот. Тој напиша на Икс дека Будимпешта во саботата испратила предлог во Брисел, покажувајќи дека е отворена да ја поддржи помошта за Украина.

    „Фајненшл тајмс“ вчера објави дека Европската Унија би можела да ја саботира унгарската економија ако Будимпешта стави ново вето на помошта за Украина.

    „Документот, подготвен од бриселските бирократи, само го потврдува она што унгарската влада го зборува долго време: дека Брисел го користи пристапот до фондовите на ЕУ за политичко уценување“, кажа унгарскиот министер за односи со ЕУ Јанош Бока.

    Сајтот „Политико“ претходно објави дека Европската Унија е спремна да ѝ го одземе гласачкото право на Унгарија ако таа продолжи да блокира помош за Украина.

    Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска треба да се сретне со својот украински колега Дмитро Кулеба во западниот украински град Ужгород, како подготвка за можна средба Орбан-Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира