УНГАРИЈА ПОЧНУВА СО УВОЗОТ НА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19, ИАКО ТАА НЕ Е ОДОБРЕНА ОД ЕУ

    УНГАРИЈА ПОЧНУВА СО УВОЗОТ НА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19, ИАКО ТАА НЕ Е ОДОБРЕНА ОД ЕУАко се покаже безбедна и ефективна, Унгарија следната година ќе почне и да ја произведува вакцината „спутник“ (Фото: Ројтерс)

    Плановите на Унгарија за увоз и можно производство на руската вакцина против ковид-19 „спутник“ ги зголемуваат безбедносните грижи и тоа би можело да ја наруши довербата во вакцинирањето, предупреди Европската комисија.

    Ова би можело да отвори нов фронт во веќе нарушените односи помеѓу Брисел и Будимпешта, кои повторно ќе се соочат денеска на видеоконференција, на која европските лидери ќе се обидат да ги убедат Полска и Унгарија да го тргнат ветото од седумгодишниот буџет, кој вклучува и фонд за заздравување од пандемијата на коронавирусот.

    Прашање е дали некоја членка на ЕУ би сакала на своите граѓани да им обезбеди вакцина која не е одобрена од Европската агенција за лекови. Ако нашите граѓани почнат да се сомневаат во безбедноста на вакцините, ќе биде потешко да се спроведе вакцинирање во потребниот обем“, соопшти Европската комисија.

    Според правилата на ЕУ, „спутник“ мора да биде одобрена од Европската агенција за лекови за да може да се појави на пазарот во која било од 27-те членки. Владата на Виктор Орбан најави дека оваа недела ќе почне со увозот на помали количества од руската вакцина, што би можело да се зголеми со тек на време и следната година да прерасне во масовно производство во Унгарија, ако таа се покаже безбедна и ефективна.

    Русија неодамна соопшти дека вакцината „спутник“ обезбедува 92-процентна заштита од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира