УНГАРИЈА УСВОИ ЗАКОН КОЈ ЗАБРАНУВА НА ДЕЦАТА ДА ИМ СЕ ПРОМОВИРА ХОМОСЕКСУАЛНОСТ

    УНГАРИЈА УСВОИ ЗАКОН КОЈ ЗАБРАНУВА НА ДЕЦАТА ДА ИМ СЕ ПРОМОВИРА ХОМОСЕКСУАЛНОСТИлјадници Унгарци вчера протестираа во Будимпешта вчера во обид да се спречи донесувањето на законот (Фото: АП)

    Унгарските пратеници усвоија закон кој забранува на децата да им се промовираат хомосексуалност или промена на пол, за што поддржувачите велат дека ќе помогне во борбата против педофилија, додека противниците сметаат дека е дискриминација на ЛГБТ заедницата.

    Фидес, конзервативната партија на премиерот Виктор Орбан, го предложи законот, кој е последен начин за ускратување на правата на припадниците на ЛГБТ заедницата во оваа земја. Парламентот го усвои законот со само еден глас против, но опозициските партии го бојкотираа гласањето. Мерката ја осудија и групите за човекови права, при што некои го споредија со законот против таканаречената геј пропаганда во Русија, усвоен во 2013.

    „На овој срамен ден, местото на опозицијата не ѝ е во парламентот, туку на улиците“, изјави градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачони.

    Илјадници ЛГБТ активисти и други одржаа протест во Будимпешта вчера, што беше неуспешен обид да се спречи донесувањето на законот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира