УНГАРСКАТА ОПОЗИЦИЈА СЕ ОБЕДИНИ ОКОЛУ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУДИМПЕШТА СО ЦЕЛ ДА ГО ПОБЕДИ ОРБАН НА ИЗБОРИТЕ ВО 2022

    УНГАРСКАТА ОПОЗИЦИЈА СЕ ОБЕДИНИ ОКОЛУ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУДИМПЕШТА СО ЦЕЛ ДА ГО ПОБЕДИ ОРБАН НА ИЗБОРИТЕ ВО 2022Гергели Карачони ќе предводи коалиција на шест партии (Фото: Ројтерс)

    Градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачони, објави дека ќе биде заеднички кандидат за премиер на шесте опозициски партии, кои ќе се обидат да го урнат од власта Виктор Орбан на следните избори во Унгарија.

    Во почетокот на оваа недела, унгарската опозиција кажа дека ќе одржи први внатрепартиски избори во земјата за да се избере заеднички кандидат за изборите, што ќе се одржат следната година.

    Орбан и неговата партија Фидес убедливо победија на три парламентарни избори по ред од 2010 година, додека опозицијата беше доста поделена и не успеваше сериозно да му се спротивстави.

    „Ја донесов оваа одлула зашто чувствувам дека земјата се наоѓа во смртна опасност. Се помалку чувствуваме дека Унгарија е една и неделива. Мојата цел е да ја обединам земјата“, изјави 45-годишниот Карачони.

    Тој беше кандидат на мала зелена либерална партија кога го победи Фидес на локалните избори во 2019. Последните анкети кажуваат дека 40% Унгарци би гласале за Фидес, додека заедничката опозициска листа има поддршка на 36% избирачи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира