УПАДОТ НА АНТИИЗРАЕЛСКА ТОЛПА НА АЕРОДРОМОТ ВО МАХАЧКАЛА Е РЕЗУЛТАТ НА НАДВОРЕШНО МЕШАЊЕ, КАЖА КРЕМЉ

    УПАДОТ НА АНТИИЗРАЕЛСКА ТОЛПА НА АЕРОДРОМОТ ВО МАХАЧКАЛА Е РЕЗУЛТАТ НА НАДВОРЕШНО МЕШАЊЕ, КАЖА КРЕМЉУпадот се случил набргу откако на аеродромот слетал авион од Тел Авив (Фото: ДПА)

    Кремљ кажа дека вчерашниот упад на антиизраелска толпа на аеродромот во Махачкала, главниот град на јужниот регион Дагестан, бил резултат на надворешно влијание.

    „Јасно е и добро познато дека вчерашните настани околу аеродромот во Махачкала се во најголем дел резултат на надворешно мешање, вклучувајќи информациско влијание. Злонамерници искористија нашироко видени слики од страдањето во Газа за да ги испровоцираат луѓето во мнозински муслиманскиот регион во северен Кавказ“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Руското министерство за внатрешни работи објави дека безбедносните сили ја презеле контролата врз аеродромот, кој ќе остане затворен до утре и дека се уапсени 60 луѓе кои учествувале во нередите.

    Упадот се случил набргу откако на аеродромот слетал авион од Тел Авив. Снимките на социјалните мрежи прикажуваат луѓе како извикуваат антисемитски слогани и носат палестински знамиња. Дел од толпата излезе и на пистата, каде што окружи авион.

    Локален канал на Телеграм ги охрабрувал луѓето да се соберат на аеродромот во времето на пристигнувањето на авионот од Тел Авив и да бараат Евреи. Еден патник кој бил на летот изјави за локалните медиуми дека бил запрен од толпата и бил пуштен откако му кажале дека нема да ги допираат оние кои не се Евреи.

    Демонстрантите запирале и автомобили пред аеродромот, при што проверувале документи, барајќи Израелци. Во нередите се повредени 20-ина луѓе, од кои двајца се во критична состојба.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира