УШТЕ ЧЕТИРИ ДЕЦА ИЗВАДЕНИ ОД ТАЈЛАНДСКИТЕ ПЕШТЕРИ НА ВТОРИОТ ДЕН ОД СПАСУВАЧКАТА ОПЕРАЦИЈА

    УШТЕ ЧЕТИРИ ДЕЦА ИЗВАДЕНИ ОД ТАЈЛАНДСКИТЕ ПЕШТЕРИ НА ВТОРИОТ ДЕН ОД СПАСУВАЧКАТА ОПЕРАЦИЈАВо пештерите остануваат уште четири деца и нивниот тренер, чие извлекување е најавено за утре (Фото: Гети)

    Уште четири деца се извадени од подводните пештери во Тајланд, на вториот ден од големата и високоризична спасувачка операција, која со големо внимание се следи низ целиот свет. Ова го потврдија тајландските маринци на својот профил на Твитер, завршувајќи ја својата работа за денеска.

    Тие се превезени со воен хеликоптер во болницата во Чијанг Раи и властите не го објавија нивниот идентитет од респект кон семејствата, чии деца ќе мора да останат уште една ноќ во пештерите. И децата кои денеска беа извлечени биле во добра состојба, иако премрзнати. Сите остануваат во изолација во болницата, со цел да се избегнат евентуални инфекции.

    Си-Ен-Ен објави дека операцијата е завршена за денеска, што значи дека внатре остануваат уште четворица млади фудбалери и нивниот 25-годишен тренер. И вчера акцијата беше прекината откако од пештерите беа извадени четири деца, со цел да се подготви нова мисија и да се обноват залихите на кислород.

    Питер Денис од Британскиот совет за спасување во пештери вели дека нуркачите го вршат најголемиот дел од работата во акцијата, додека децата, главно, се пасивни.

    „Многу се коментираше дека децата ќе треба да научат да нуркаат за да излезат надвор, но тоа не е случај. Тие буквално се влечени низ водата цело време. Имаат маска преку целото лице и можат нормално да дишат. Веројатно им се дадени и благи седативи, за да не ги фати паника при патувањето“, кажа Денис.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира